Министерството за одбрана на Соединетите држави потврди дека видеото за НЛО кое е откриено е вистинско. 

Пентагон објави дека снимките од трите неидентификувани летачки објекти кои се движат низ облаците, ги снимила војската во 2019 година. Еден од предметите има триаголен облик, другиот е во форма на желад, а третиот изгледа како ракета.

Истрагата е започната, но од безбедносни причини нема да бидат дадени повеќе информации, соопштија тие.