Новите автобуси на гас на ЈСП Скопје се опремени со полначи за телефони. Во сообрааќај се пуштени 33 автобуси а внатре во нив постојано има контролори во цивилно кои проверуваат дали некој ги оштетува овие нови автобуси.

Досега овие контролори успеале да фатат четрорица граѓани како се обидувале да ги украдат полначите за телефон, пишува СДК.МК

„Еден од патниците кој го фативме како со штрафцигер сака да ги извади полначите кои се вградени во држачите, беше 72-годишен пензионер. Во сите четири случаи навремено интервенираа контролорите и не дозволија уништување на дополнителната опрема во автобусите. Случаите се пријавени во Министерството за внатрешни работи. Навистина не ни е јасно зошто ги вадат и крадат, кога тие потоа никако не можат да се користат“, велат од ЈСП „Скопје“.\

Новите автобуси се енергетски ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на еуро 6. Овој тип на автобуси е прогласен за еко автобус за 2016 година во Европа, а во Германија ја поседува ознаката ‘Син ангел‘ бидејќи воопшто не го загадуваат воздухот. Еден еко автобус годишно ќе заштедува до 25.000 евра за гориво во споредба со потрошувачката на старите дизел автобуси, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП „Скопје“, а истовремено го намалува и загадувањето на животната средина преку издувни гасови


Напишете коментар