Пеп Гвардиола никако и никако не успева да го донесе “ушлето“ на „Етихад“, оваа сезона дури и во Премиерлигата неговиот тим игра лошо. Сепак шеиците му го продолжија договорот, му дадоа нова шанса да ги израдува. А Пеп пак уште отсега го составува тимот за наредната сезона. Не е тајна дека тој многу посакува повторно да работи со Лео Меси, но утринава како “бомба“ доаѓа веста од Островот дека Пеп во јуни посакува да го ангажира Ерлинг Халанд, супер Норвежанецот, за кого Борусија Дортмунд побарува 75 милиони евра за отштета.

Ова е премногу од Пеп. Тој во изминатите три години, колку што е на клупата на “граѓаните“ за засилувања потроши милијарди, злонамерниците велат дека потрошил повеќе од буџети на некои помали земји, и пак не може до пехарот во ЛШ.

Можеби конечно на газдите на Сити ќе им текне дека проблемот е на клупата, а не во клубот, тимот или било каде.

Инаку за Халанд уште отсега почнува трката. Најмалку четири мега клубови го посакуваат претстојното лето, а тоа и јавно го кажуваат.

Тоа се Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

sportmedia.mk