Поранешниот заменик министер за образование, Петар Атанасов најави своја кандидатура за функцијата Ректор на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Атанасов тоа го објави на својот фејсбук профил.

Како еден од кандидатите кои ќе се кандидираат за ректор на УКИМ (има најава за уште двајца кандидати), барам лично од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски да овозможи фер и достоинствена постапка (законска и демократска постапка се подразбира, зарем не), затоа што според најавите веројатно ќе присуствуваме на уште еден шверцерски избор на ректор, исто како пред 4 години, напиша Атанасов на својот фејсбук профил.

Инаку, до пред една година и последната реконструкција на Владата, Петар Атанасов ја обавуваше функцијата заменик Министер за образование, но пред објавувањето на составот на новата Влада тој си поднесе оставка на таа функција. Во продолжение, го пренесуваме целиот фејсбук статус на Петар Атанасов во кој тој ја објавува својата кандидатура за Ректор на УКИМ.

Како еден од кандидатите кои ќе се кандидираат за ректор на УКИМ (има најава за уште двајца кандидати), барам лично од…

Posted by Petar Atanasov on Tuesday, 26 May 2020


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *