Наполи стигна до победа во првиот меч во 2021 година во италијанската Серија А, откако во 15. коло беше подобар од Калјари со 1-3. Зјелински во 25. минута донесе водство за Наполитанците. Жоао Педро во 60. минута израмни на 1-1, а само две минути подоцна со вториот гол на мечот, Зјелински повторно ги донесе во водство гостите.

Во 65. минута се беше решено откако Ликојанис доби црвен картон. Лозано во 74. минута зголеми на 1-3, додека конечните 1-4 ги постави Инсиње од пенал во 86. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 77. минута.

Аталанта си поигра со Сасуоло совладувајќи го со убедливи 5-1. Стрелци на головите за Аталанта беа Запата на два пати и по еднаш Муриел, Песина и Госенс. До победа стигна и Рома која со минимални 1-0 триумфираше над Сампдорија. Херој на „волчицата“ беше Един Џекој кој го постигна победничкиот гол во 72. минута. Лацио одигра само реми 1-1 на гостувањето кај Џенова. Имобиле од пенал ги доведе гостите до водство од 0-1, додека конечните 1-1 ги постави Дестро во 58. минута. Пандев беше надвор од тимот на овој меч.

извор : екипа.мк