Над улиците во центарот на Скопје почнаа да светат новогодишните украсни чадорчиња. А вечерва главниот град ќе ја добие осветлената и новогодишна елка. Имено, новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе светне вечерва во 19 часот.

Како што беше најавено, поради пандемијата од корона вирусот, оваа година осветлувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде поскромно одколку минатите години. На осветлувањето, вечерва, ќе учествува и градоначалникот Петре Шилегов.