Поставени се 42 патокази на планинарските патеки на Водно, 12 патокази на велосипедската патека на Скопска Црна Гора, шест информативни табли на Водно (на патеките Словенска патека, Средно Водно, Македонско село – Г. Нерези, Матка (кајакарски мост), Врв Водно, Горно Соње), како и две информативни табли на планинско-велосипедската патека (манастир. Св. Никита и манастир Св. Илија), информираа од Федерацијата за планинарство на Северна Македонија.

– На овој начин сите посетители, спортисти, рекреативци ќе имаат основни информации за името на патеката, нејзината должина, и висинскиот профил, со што ќе се олесни изборот на патеката по која ќе може да се рекреираат во согласност со нивната психофизичка состојба, истакнаа од Федерацијата за планинарство на РСМ.