Група вахабисти од БиХ планирале да организираат атентати врз Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ, Александар Вучиќ, сегашен претседател на Србија и Александар Вулин, министер за одбрана на Србија, во неколку одделни случаи, според разузнавачките документи со кои располага порталот Бањалука.нет.

Документите покажуваат дека на крајот на 2017 година група вахабисти со елементи на типични паравоени формации планирале да го убијат тогашниот претседател на Република Српска, Милорад Додик.

Таа петчлена група предводена од Енвер Хабибовиќ, наречена Смрт од Сараево, одржа состанок на кој Хабибовиќ предложи да го убие Милорад Додик на 9 јануари 2018 година во Бања Лука, за време на прославата на Денот на Република Српска. Групата планираше да го изврши атентатот со испукање од ракетен фрлач кон хеликоптер во кој би бил Додик, кога ќе пристигне на манифестацијата по повод Денот на Република Српска.

За среќа, овој план не беше реализиран, но според изворите на порталот, подоцнежната работа на безбедносните структури во БиХ открила дека Хабибовиќ е член на селафиското движењето во БиХ, и тоа на ограноко што се занимава со воена обука на деца во БиХ, поради што во февруари 2018 година тој бил приведен, а во неговата куќа била пронајдена зоља, се наведува во документот.

Додик беше на мета на вахабистите во БиХ и една и пол година подоцна, на културната манифестација „Кочиќев збор” што се одржува во близина на Бања Лука, а заедно со него требаше да биде нападнат и Александар Вулин, министерот за одбрана на Србија, кој присуствуваше на овој настан.

Атентатот врз Додик го испланирала група исламисти од Јања кај Бјелина, чии истакнати членови се Неџад Хајдуровиќ и Самир Беговиќ, кои се познати како членови на исламистичка паравоена организација од Јања кај Бјелина. Нивната задача беше врз своите мети да делуваат од масата на собрани граѓани за да предизвикаат што е можно поголема паника. Инаку, станува збор за настан што собира десетици илјади луѓе.

Исто така, тие биле водени од идејата дека Додик и Вулин се луѓе кои сакаат да бидат меѓу луѓето, па затоа очекувале дека ќе им биде полесно да им пристапат, но планот не успеал бидејќи Азем Алетовиќ, кој е водач на оваа група од Јања не успеал да ги обезбеди сите податоци за пристигнувањето и движењето на Додик и Вулин на Мањача, стои во документацијата.

Во документацијата на безбедносните служби се наведува дека главниот организатор на сè уште нерешениот обид за атентат врз Александар Вучиќ, тогашен премиер и сега претседател на Србија, на 11 јули 2015 година во Поточари кај Сребреница бил Мехдин Јакубовиќ од Сребреница, офицер на Ренџерскиот полк на вооружените сили на БиХ.