Големи промени во Хрватска по изборите: Новата влада ќе биде формирана за 20 дена и ќе има осум министерства помалку.

Андреј Пленковиќ, претседател на ХДЗ и актуелен премиер на Хрватска, по победата на партијата на изборите со освоени 66 места Парламентот, обезбеди ново парламентарно мнозинство со осум пратеници од малцинствата кои се застапени во хрватскиот Парламент, и уште два други пратеници, реформаторот Радимир Чачиќ и Предраг Штромар од ХНС.

Нивниот единствен услов за поддршка на Пленковиќ беше дека во мнозинството не треба да вклучува претставници на татковинското движење на Мирослав Шкоро и екстремната десница. Пленковиќ го прифатил тој услов бидејќи и самиот не сака членови на екстремната десница во неговиот кабинет.

Вчера Пленковиќ потврди дека обезбедил 76 потписи, дека ова е првичен договор со партиите што досега соработувале и дека тие исто така мора да ги извршуваат своите процедури, но дека потписите се загарантирани.

Треба што поскоро да ги формираме хрватскиот парламент и новата Влада и да започнеме да работиме во корист на нашите граѓани – рече Пленковиќ и додаде дека многу брзо може да се формира нова Влада.

Се верува дека новата влада ќе биде составена исклучиво од членови на ХДЗ. Според медиумите, владата треба да биде со значително помал состав од сегашниот и да има помеѓу 12 и 15 министерства.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *