Во Босна и Херцеговина во изминатото деноноќие се потврдени релативно мал број на нови случаи на коронавирус – 726, но во исто време е поставен нов црн рекорд со дури 73 смртни случаи, објавија институтите за јавно здравје.

За 24 часа се тестирани над 2.100 примероци, а инфекцијата е потврдена кај 430 лица во Федерацијата БиХ и во 296 од Република Српска.

Бројот на новозаразени е значително помал од дневниот просек во минатата недела, но бројот на тестирани примероци е, исто така, значително помал, што е вообичаена практика за време на викендите.