Поранешниот шпански крал Хуан Карлос (82) престојува во ексклузивниот хотел „Емират Палас“ во Абу Даби, каде се наоѓа од понеделникот, кога ја напушти Шпанија.

Ова го објави шпанскиот АБЦ, а официјалните претставници на Обединетите Арапски Емирати и хотелскиот менаџмент не беа достапни за коментар, пренесува Ројтерс.

Порталот АБЦ наведува дека поранешниот крал пристигнал во Абу Даби со приватен авион, со четворица телохранители и уште едно друго лице преку Париз во понеделникот наутро, од каде со хеликоптер бил префрлен од аеродромот во државниот хотел Емират Палас.

Портпаролот на шпанската кралска палата рече дека тој не знае каде е поранешниот шпански крал во моментот, а неговиот адвокат не е достапен за коментар.

Некои шпански медиуми објавија дека поранешниот крал заминал во Доминиканската Република, додека други објавија дека тој бил во Португалија, каде го поминал најголемиот дел од младоста.

Шпанскиот Врховен суд започна истрага во јуни за вмешаност на Хуан Карлос во проневера со договор за брза железничка пруга со Саудиска Арабија, а швајцарскиот Трибјун објави дека Хуан Карлос добил 100 милиони долари од починатиот саудиски крал.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *