• Во исполнувањето на својата мисија, Специјалниот суд продолжува да ги повикува нашите ослободители. Денес, генералот Алуш Агуши беше поканет на интервју. Нашиот брат, исто како и многу други ослободители, ќе триумфира пред оваа неправда, бидејќи вашиот придонес нема никаква врска со никакво злосторство, вашата мисија беше да го ослободите Косово – напишал братот на Агуши.

Ниту еден суд не може да ја оцрни војната на ОВК, која беше почиста од солзите, додаде тој и заклучи – „ќе излезете со чисто лице, генерале“.

Да потсетиме, ден претходно, во медиумите се појави информација дека Специјалниот суд за воени злосторства, повика еден од командантите на оваа поранешна терористичка организација, Агим Чеку, како осомничен.

Чеку потврди дека ја добил поканата како осомничен и во изјава за Коха рече дека патува на 28 септември.


Напишете коментар