Парламентот на Црна Гора ја започна седницата на која треба да гласа за законите што ги донесе на 29 декември минатата година, а кои претседателот Мило Џукановиќ ги врати за нова одлука.

Членовите на Парламентот на Црна Гора повторно ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповед и верување и правниот статус на верските заедници. Амандманите беа усвоени со гласови на 41 пратеник.

Џукановиќ исто така ги врати измените и дополнувањата на Законот за кредитни институции, рехабилитација на кредитни институции и фискализација во трговијата со производи и услуги. Опозицијата најави дека нема да присуствува на седницата.

Сега се поставува прашањето дали имало кворум на почетокот на седницата и усвојувањето на дневниот ред, а со тоа и прашањето за демократскиот легитимитет, како и усогласувањето на донесените закони со Уставот на Црна Гора и важечките законски прописи – рече Џукановиќ.