Успеавме да докажеме дека го штитиме бугарскиот национален интерес во Македонија, изјави европарламентарецот и заменик претседател на ВМРО, Ангел Џамбаски за бугарската Нова ТВ во врска со споровите во односите меѓу Софија-Скопје.

Вимавајте-не го штити бугарскиот национален интерес во Бугарија, туку го штити бугарскиот национален интерес во Македонија!?

Ќе биде интересно да објасни како е можно со вето-политика да го штити бугарскиот интерес во Македонија? Еве да прифатиме дека со глупа политика можат да го штитат бугарскиот интерес во Бугарија. Така, впрочем, го штитеа во втората светска војна како членка на фашиштичката оскa. И тоа е нивно право, да водат во Бугарија каква сакаат политика. Но како може вакви квазипатриотски истресоци да го штитат бугарскиот национален интерес во Македонија!?

Освен ако овој квазипатриотскиот истресок, по изедената руска салата, не продолжува и во новата година да треска за денешниот бугарски карактер на македонската нација, како што тоа го правеше минатата година!? И веќе е крајно време да реагира нашето МНР бидејќи ваквиот говор на омраза од бугарска страна значи грубо мешање во внатрешните работи на Македонија.

Според него, македонската влада игра на антибугарска карта и не заслужува да биде членка на Европската Унија.

Тој исто така ја коментираше резолуцијата изгласана во Европскиот Парламент за состојбата на правната држава и основните човекови права во Бугарија. По тоа прашање не му е виновна Македонија туку членовите на Бугарската социјалистичка партија кои гласаа за таква резолуција.

Нашите крајно неразумни колеги, вели то, јкои се обидоа да се рекламираат со резолуцијата за Бугарија за домашните политички прашања, дозволија таа да стане многу тежок инструмент против Бугарија. Во таа резолуција се споменува и обврската на Бугарија да ги признава непостоечките малцинства на нејзината територија, како што е македонскато.

Според него, овој документ е тежок удар врз Бугарија, против бугарските интереси и бугарската државност.


One thought on “По изедената руска салата за нова година еве ги повторно Бугарите: Со ветото го штителе бугарскиот национален интерес во Македонија”

Comments are closed.