Иако словенечката влада се согласи на неделната седница да олесни некои епидемиолошки мерки, портал во Словенија дозна дека ублажувањето нема да трае долго. Имено, според нивните неофицијални информации, владата на Јанез Јанша се подготвува за целосно затворање на земјата во периодот од 24 декември до 4 јануари.

Тешката блокада во словенечкиот случај значи затворање на сè, освен на здравствените установи, аптеките и продавниците за храна. Работниците во другите индустрии би заминале на колективен годишен одмор во тој период. Во четврток ќе се одржи нова владина седница на која ќе се донесе одлука за заострување на ограничувањата.

Нацртот на тврдата блокада е на маса, но тоа не значи дека тој ќе биде усвоен во четврток по секоја цена, ниту дека ќе биде прифатен во оваа форма.