По обилните дождови во моментов е во прекин сообраќајот кон Маврово од клучката за Стража.

Полицијата информира дека се работи за одрони од камења и паднати дрвја на угорницата кон Маврово, a веќе е создадена огромна колона возила. 

Надлежните служби работат на отстранување на пречките на патот.