После трогателното писмо од Михаела Довичинска кое беше адресирано до министерот Венко Филипче да и одговори на прашањето кој бил дежурен и зошто никој не и кревал телефон на нејзината 41 годишна мајка која со последните сили праќала смс пораки со содржина: „Итно е!“, „Јави ми се!“ „Боца кислород треба горе во четворката!“, министерот Венко Филипче најави вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Штип!

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип. По завршениот надзор, јавноста ќе биде навремено информирана.“ – напиша министерот Филипче на социјалните мрежи.

Господине Венко Филипче, И јас да се придружам кон пофалбите за нашето здравство и Вашите изјави дека ,, се е под…

Posted by Михаела Довичинска on Sunday, November 15, 2020