Шаип Камбери, шеф на парламентарната група на Обединетата долина-СДА Санџак во српскиот парламент, рече дека Албанците од таканаречената Прешевска долина се воодушевени откако ја активираа идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, пренесува Лајми.

Во емисијата „Балкански разговори“ на „Еуроњуз“, Камбери објасни зошто смета дека т.н. Прешевската долина треба да биде припоена кон Косово, пренесува Косово онлајн.

Ако зборувам од аспект на желбите на Албанците од Прешевската долина, тоа не е само желба, туку имаме и политички референдум за создавање на политичко-територијална автономија. Сите процеси низ кои досега поминавме докажуваат дека во Србија нема законски механизми за поддршка на Албанците во долината. рече Камбери.

Камбери додаде дека, во случај косовската делегација да не размислува за размена на територии, косовските претставници за дијалог треба да побараат мерка на реципроцитет во почитувањето на Србите во Косово и Албанците во Србија.