Демонстранти упаднаа во зградата на владата во Ереван, кршат врати и прозорци!

Демонстрантите упаднаа во зградата на владата во Ереван по најавата за постигнување договор за прекин на огнот во Карабах, јавува дописниците од Ерманија.

Бесните демонстранти ги кршат вратите и прозорците во кабинетите на владината зграда.

Некои од нив се упатија кон резиденцијата на премиерот.

Предходно, премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, објави дека потпишал заедничка изјава за прекин на огнот со претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Почитувани граѓани, браќа и сестри, јас лично донесов многу тешка одлука за себе и за сите нас. „Заедно со претседателите на Русија и Азербејџан, потпишав изјава за прекин на војната во Карабах од 01.00 часот, напиша Пашинијан на Фејсбук.

Тој истакна дека потпишувањето на изјавата е „засновано на верувањето дека ова е најдоброто решение во сегашната ситуација“.

Ова не е победа, но не е ниту пораз, сè додека не признаеме дека сме поразени. Никогаш не признаваме дека сме поразени и тоа треба да биде почеток на новата ера на нашето национално единство, обновување.

Треба да ги анализираме годините на нашата независност, со цел да ја испланираме нашата иднина и да не ги повториме грешките од минатото, рече Пашинијан.

Граѓаните се незадоволни од потпишувањето на примирјето со Азербејџан.

Се слушаат и истрели во Ереван, многу луѓе се во солзи.

Еден од демонстрантите седна на премиерското столче и го праша полицаецот: Каде е тој?!

Органите за спроведување на законот не се спротивставуваат на народот. Луѓето симболично ги вадат симболите на државата од зградата на владата.

Лутите демонстранти ги кршат вратите и прозорците во владината зграда.

Русија ќе ги испрати своите мировни сили во Нагорно Карабах, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на Русија објави дека примирјето се случува на полноќ по московско време и дека Ерменија и Азербејџан треба да ги разменат воените заробеници.