Медиумите во петокот објавија дека здравствената состојба на легендарниот фронтмен на Рибjа Чорба, Бора Ѓорѓевиќ, се влошила.

Рок музичарот и басист на групата „Рибја Чорба“, Миша Алексиќ почина на 29 ноември, на 67-годишна возраст, како резултат на коронавирусот, но Бора Ѓорѓевиќ не присуствуваше на неговиот погреб, бидејќи тој се бори за живот против ракот кој се прошири на неговите бели дробови, објавија српдските медиуми.

“Драги пријатели , тешко е да се најде некој што го сака Мишо повеќе од нас. И не можеме да се помириме со фактот дека него го нема. Знаеме дека Мишо почина како резултат на подмолно и невидливо заболување. Почина непотребно. Знаеме дека тој не го потцени ова зло. Носеше маска и се чуваше. Направивме планови за иднината, за кои верувавме дека ги имаме. Злото наречено корона вирус е сè уште меѓу нас, повеќе од кога било, и затоа сметаме дека е наша обврска да ве известиме дека членовите на Рибја Чорба нема да присуствуваат на кремирањето во среда. Ние веруваме дека Миша не би дозволил да се загрози ничие здравје или нечиј живот. Кога ќе помине оваа чума, заедно ќе го оплакуваме нашиот и ваш Мишо со концерт во негова чест. Бидете одговорни и здрави. „Рибја Чорба те сака“, се наведува во соопштението на членовите на бендот.

Минатата година на Боро му беше дијагностициран рак на простата, а неодамна неговата состојба наводно се влошила. После објавите во медиумите за влошената здравствена состојба, Боро Чорба се огласи на Фејсбук и ги коментираше наводите во медиумите дека е во сериозна состојба и дека ракот се проширил на белите дробови:

„Среќна Нова година на сите, со нетрпение го очекувам претстојниот голем белградски концерт.“