Во медиумите се појавија вести дека директор на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ од 1ви јули си заминува од оваа функција.

По тој повод се огласија претставниците за медиуми на Поповиќ остро демантирајќи ги овие пишувања.

„Остро ги демантираме пишувањата на еден дневен весник кој на своите страници објави дека Саша Поповиќ од 1јули нема да биде на функција – директор на „Гранд продукција“ и дека повеќе нема да биде дел од продукциското жири на „Ѕвездите на Гранд“, пишува во соопштенито.

„Станува збор за неточни информации и злонамерен текст кој има цел да создаде немир меѓу кандидатите кои од есен ќе продолжат во најпопуларното музичко шоу. Ви нагласуваме дека директорот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ ќе остане на оваа функција до крајот на животот“ додаваат во соопштението.

Потсетуваме, поради коронавирусот беше прекинато снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а оваа сезона наместо една ќе трае две години.


Напишете коментар