Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци се приклучи кон акцијата на македонската влада, за помош на подрачјата во Хрватска погодени со разорниот земјотрес, кој вчера со случи во градот Петриња.

Доцна синоќа беа обезбедени четири шлепери со вода „изворска“ кои ќе бидат наменети за жителите на настраданите подрачја во Хрватска, по вчерашниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала. Донацијата од „Кожувчанка“ ќе биде дел од пакетот со хуманитарна помош кој утринава ќе тргне од Македонија кон настраданите подрачја во Хрватска.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за локалната телевизија КТВ изјави дека донацијата е за нашите пријатели во Хрватска. Кавадарци е збратимен град со Макарска и ова е најмалку што може да се направи за нив, рече тој и додаде:

Општината и советот на општина Кавадарци на наша иницијатива, во консултации со градоначалникот на општина Макарска, одлучивме да испратиме четири шлепери со вода за пиење. Целата пратка е донација од компанијата „Кожувчанка“. Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот. Ова е најмалку што можеме да направеме за пријателска Хрватска изјави Јанчев.