Откако Словенија прифати 5Г, иако претходно тврдеше дека стравот од оштетување на здравјето е легитимен, извештајот покажува дека и Швајцарија, исто така прифати на нејзината територија да се инсталира 5Г.

Швајцарија не само што воведе 5Г, туку е и прва земја во Европа и втора во светот според развојот на мрежата 5Г, според официјалните резултати од најновото истражување.

Водечка земја во развојот на мрежата 5Г, според истражувањето на компанијата Омдија, е Јужна Кореја, каде е седиштето на Самсунг, ЛГ и други гигантски ИТ компании. Иако бројот на достапни 5Г уреди е ограничен во Јужна Кореја, дури 10 проценти од активните корисници користат 5Г и најбрзо ги усвојува новите 5Г договори.

Што се однесува до Швајцарија, 5Г е веќе присутен во 426 градови и рурални области, благодарение на проширувањето на операторите на Сунрајс. Во набудуваните средини, најмалку 80 проценти од населението има пристап до 5Г мрежата, т.е. сигнал. До мај следната година, 5Г ќе биде присутна во над 535 градови, села и рурални средини, а наскоро ќе влезе во игра и Свиском, швајцарски оператор, кој е на 90 отсто од остварувањето на својата цел за воведувањето на 5Г мрежата за корисници.

Веднаш зад Швајцарија е Кувајт, САД, следен од Катар, Кина, Велика Британија, Финска, Јапонија, Германија, Италија, Шпанија и Австралија.

Истражувањето заклучува дека операторите рапидно пуштаат 5G сигнал и покрај пандемијата на короната.