Специјалниот суд го повика поранешниот член на УЧК Садри Селими на разговор како осомничен за воени злосторства, пренесува Клан Косово.

Веста беше објавена на Фејсбук од поранешен член на УЧК, Сафет Хасани.

Денес ја примив веста дека Садри Селими од Врница кај Вучитрн, беше повикан како осомничен од страна на специјалниот суд за воени злосторства – напиша Хасани, а пренесува Косово онлајн.

Инаку, во петокот, Специјалниот суд во Хаг требаше да донесе одлука денес дали ќе ги прифати, одбие или ќе ги врати во Обвинителството на доработка првите обвиненија против членови на УЧК, затоа што истекува шестмесечниот период од кога биле поднесени.

Во случај да се потврдат обвиненијата, кои се покренати на 14 фебруари, останува на судијата да одлучи дали тоа ќе го објави во јавноста или не.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *