По тешкиот поразот на Јувентус во италијанското дерби против Интер, со два гола разлика и без создадена шанса, Кристијано Роналдо беше видно незадоволен и нервозен. Избраниците на Андре Пирло беа апсолутно немоќни на тој натпревар.

Претходно протекоа информации дека „старата дама“ добила понуда од Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на Роналдо во вредност од 60 милиони евра, а сега најдобриот играч на актуелниот италијански шампион со своите потези ги загрижи сите навивачи на бјанконерите.

Имено, Португалецот почна одново да го следи својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед на социјалната мрежа Инстаграм и тоа предизвика лавина коментари во Италија. Дали Роналдо нешто најавува ќе дознаеме многу брзо.