Од денес е дозволена и работа на трговските центри во грчките префектури Солун и Ахаја, пренесува Катимерини.

Трговијата на мало беше отворена во Грција минатиот понеделник, но продавниците во Солун, Ахаја и Кожани останаа затворени поради тешката епидемија. Во Кожани, сепак, малопродажните места засега остануваат затворени.

Во Ахаја, продавниците ќе се отворат под системот клик енд шоп (со испорака на стоката внатре во објектот по претходно закажување) и кликнување од далеку (со испорака надвор од продавницата). Во Солун тие ќе работат само со методот со нарачки онлајн.

Исто така, се укинува ограничувањето да се дозволи само до 20 клиенти во продавниците. Сега правилото ќе се заснова само на површината на продавницата, односно за продавници до 500 метри квадратни ќе биде дозволено до еде клиент на 25 метри квадратни простор за малопродажба, а за продавници над 500 квадрати – уште уште еден на секои 100 метри квадратни над тие 500.