Во местото Меченчани во Хрватска почнаа да се формираат големи дупки во земјата. Меченчани се наоѓаат во округот Сисачко-мославачка жупанија, која неодамна беше погодена од разорниот земјотрес.

Дупките се со различна големина, некои се со дијаметар од неколку метри.

Жителот на ова место, Даниел Павиќ, на својот Фејсбук профил објави дека се создадени десетина дупки на повеќе места.

„Постојано се шири, ужас еден“, напиша Павиќ, додавајќи дека луѓето што живеат во близина биле иселени од нивните домови.

Исто така, се вели дека се создаваат дупки бидејќи земјотресите влијаат на подземните води.

Потсетуваме, разорен земјотрес во вторникот ја погоди областа Петриња во Хрватска. Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван и во Сисак, Загреб, Глина и други околни места.