Големи групи луѓе се собраа низ градовите низ Соединетите држави за да ја прослават победата на Џо Бајден, очигледно неоптоварени од здравствената криза со која беше оправдано залагањето на демократите да гласаат по пошта.

Уличната забава беше организирана пред Белата куќа откако Бајден се прогласи за победник на изборниот натпревар со Доналд Трамп, а слични масовни прослави се одржаа и во градовите низ целата земја.

На видеото се гледа маса од луѓе, напикани како сардини, кои пеат пред резиденцијата на претседателот во Вашингтон.

Во Њујорк, граѓаните танцуваа и скандираа во паркот Вашингтон Сквер.

На другата страна од Америка имаше „огномет, шампањ и танцување по улиците на Лос Анџелес“, објави „Лос Анџелес тајмс“, додека луѓето наздравуваа за претседателот, кого медиумите го прогласија за победник, пренесува РТ.

Сепак, се чини дека масовните прослави се во директна спротивност со повеќемесечниот наратив на демократите дека се потребни контроверзни иницијативи за гласање по пошта, поради сегашната пандемија на коронавирус.

Дури и Џејк Тапер од Си-Ен-Ен се чувствуваше принуден да посочи дека уличните забави биле невнимателни со оглед на тоа што „имавме ден со најголемиот број на заразени во САД“. Тој се тешеше со фактот дека некои од луѓето што прославуваа носеа маски.

Крис Хејс од МСНБЦ сугерираше дека прославата е неопходна.

На многу луѓе тоа им треба сега. Ставете ги тие маски и сторете го тоа надвор, напиша тој.

Промената во ставовите на либералните експерти и гласачи, кои само пред неколку дена тврдеа дека не е безбедно да се гласа лично, очекувано предизвика бес на Твитер.

Никој никогаш не треба сериозно да ги сфати коментарите за пандемијата од овие луѓе. Луѓето мораа да откажат свадби, погреби, оставајќи ги најблиските да умрат сами. „Сè додека Хејс и компанијата постојано држеа предавања за потребата од такви ограничувања“, напиша еден корисник на твитер.

Други, пак, забележаа дека медиумите мистериозно се воздржуваа од осуда на големите прослави како „настани со супер-експанзија на заразата“ – термин што се користеше за осуда на големите изборни митинзи на Трамп.

Некои укажаа на истите двојни стандарди што се користат за да се оправдаат протестите на Блек лајвс метрс, кои се одржуваат ширум Америка, а кои исто така беа исклучок од коментири дека се опасност за супер-ширење на вирусот ковид-19.