Мадрид е првата европска престолнина што од вечерва повторно е затворена. Ова значи дека 4,8 милиони жители на главниот град и девет околни општини нема да можат да го напуштат градот со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Поради зголемениот број случаи, Мадрид и девет други околни општини ќе бидат ставени во карантин, а ќе бидат дозволени само патувања за работа, училиште, посети на лекар или набавка на основни продукти.

Работата на баровите и кафулињата ќе се скрати од еден час по полноќ до 23 часот, објави Ројтерс.Рестораните, спортските сали и продавниците ќе можат да работат со половина капацитет.