По нешто повеќе од две недели откако се вакцинирал со вакцината на „Фајзер“ против ковид-19, почина американскиот доктор Грегори Мајкл, пишува „Дејли Мејл“. 

Оваа информација со јавноста ја споделила неговата сопруга Хајди Никелман, која истакнала дека Мајкл бил вакциниран на 18 декември, а починал 16 дена подоцна.

– Верувам дека неговата смрт е 100 проценти поврзана со вакцината. Нема друго објаснување – вели Никелман. 

Никелман вели дека Мајкл би имал добро здравје доколку не пушел, тој само понекогаш пиел алкохол во друштво, вежбал и пловел со кајак затоа што сакал да риболови.

Покрај тоа, последниот лекарски преглед покажал дека Мајкл е целосно здрав. Никелман рече дека Мајкл бил префрлен на одделот за интензивна нега поради лошата крвна слика по што починал од срцев удар.

Директорот на канцеларијата за медицински истражувања во Мајами, Дарен Капрара, изјави дека смртта на Мајкл е прва што канцеларијата ја истражува поради евентуална поврзаност со вакцината.