По кратко боледување во петокот вечерта почина Бојо Андрески.

Бојо Андрески е роден 1959 година.

Својата професионална кариера ја почнува како офицер во ЈНА. Откако ја симнува војничката унифирма тој почнува да гради бизнис кариера.

Заедно со Фиат Цаноски се бизнис партнери во отворањето на првиот приватен универзитет во Македонија. Потоа бизнис партнерите се поделуваат: Цаноски станува газда на ФОН а Бојо Андрески го формира Европскиот Универзитет.

Ја формираше Телевизија АБ која стана позната со поставување шатори пред владата и водење вести во живо од пред владата во исто време кога пред владата “кампуваа” новинарите на сега веќе затворената А1 Телевизија. Објаснувањето на Андревски беше дека и нему Велија Рамковски му должи пари.

Во еден период беше сопственик на дневниот весник Вечер, каде сега се уште на раководни бизнис позиции се членови на неговото семејство.

Инаку весникот Вечер го купува од старите газди, сега веќе починатиот сопственик на маркетинг агенцијата Идеа плус, Иво Лауренчиќ ( зад кого стоеше Свето Јаневски или познат како Свето Пивара ) и Илија Гечев газдадата на ИГМ од Кавадарци, кој на изборите во 2006 година стана пратеник од редовите на СДСМ но потоа го врати мандатот.

Бојо Андревски ја формираше Партијата на правдата, која пред неколку години беше избришана од регистарот на политички партии што се води во скопскиот граѓански суд.

Неговата партија беше дел од големата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ додека на чело на партијата беше Никола Груевски, меѓутоа партијата згасна откога ВМРО ДПМНЕ замина во опозиција.

Во еден период важеше како еден од најмоќните и најбогати луѓе во Македонија но со текот на времето неговата моќ и финансиска кондиција се намалуваа.