Тажна вест дојде од Русија. Легендарниот Виктор Понеделник (83), советски и руски фудбалер, најпознат по голот кој му го даде на Југославија во финалето на Европското првенство во 1960 година и го зави целиот Југ во црно, почина вчера, соопшти неговото семејство.

  • Тато, почивај во мир – напиша неговата ќерка на Фејсбук.

Јзапочна својата кариера во локалниот тим Ростелмаш, а во 1958 година се пресели во СКА од Ростов на Дон, од каде беше поканет во репрезентацијата на СССР.

Во финалето на Европското првенство во 1960 година, Виктор со глава го постигна решавачкиот гол и го однесе пехарот во Москва – СССР ја победи Југославија со 2: 1.