На 73-годишна возраст почина францускиот стратег Жерар Улие кои шест години од својата кариера помина на клупата на Ливерпул. 

Тажна вест од Франција, уште една фудбалска легенда почина, овој пат се работи за познатиот тренер Жерар Улие кој најубавиот период го помина во Ливерпул. Тој на клупата на Ливерпул беше од 1998 до 2004 година. Најуспешна му беше 2001 година кога освои тројна круна со црвените, победи во ФА Купот, Лига Купот и УЕФА Купот. Покрај Ливерпул тој беше тренер и на Ленс, ПСЖ, Лион, Астон Вила, селектор на Франција…