Легендарниот американски телевизиски и радио водител Лери Кинг, почина денес на 88-годишна возраст, потврди семејството за американските медиуми.

Почина по долга и тешка битка со срцеви заболувања, дијагностицирани пред неколку децении. За време на неговиот живот, тој напишал две книги за неговата состојба. Во ноември 2019 година, тој преживеал скоро фатален срцев удар, по што, како што рече тогаш, поминал неколку недели во кома.