Уторово по долга борба со коронавирусот во Белград почина Миша Алексиќ, бас гитаристот на „Рибља чорба“, еден од најголемите рок бендови на просторите на поранешна Југославија и Балканот. 

Алексиќ подолго време беше на лекување од ковид-19 во една од белградските болници, а последните денови лекарите направија обид да го спасат неговиот живот приклучувајќи го на респиратор.

„Рибља Чорба“ преку официјалниот фејсбук профил на бендот информира за големата загуба:

„Утрово нѐ напушти нашиот брат Миша Алексиќ. И тој и лекарите од Клиничкиот центар на Бежаниска Коса се бореа до крај. За жал, се случи најлошото. Миша е еден од основачите на Рибља Чорба и на бендот го посвети целиот свој живот.

Шоми, брат, нека ти е лесна црната земја. Очајни сме: Бора, Вицко, Џинџер, Никола, Јоца,Бане, Мишец, Ивке, Иса,Јаичи…“