Тапанарот на популарната музичка група „Амадеус бенд“, Бојан Златановиќ, попознат под прекарот Токен, почина на 45-годишна возраст.

Тој се бореше со коронавирусот, и за жал ја загуби најважната битка во животот.

Како што дознава „ало.рс“, Бојан починал утрово во болницата Драгиша Мишовиќ, а во последните неколку дена бил поврзан со апарати за дишење.

За жал, се повеќе пејачи и актери се соочуваат со овој злобен вирус кој нема милост.