Албанскиот премиер Еди Рама изјави денес дека Косово и Албанија имаат намера да ги „отстранат границите“, а албанското пристаниште Драч наскоро ќе стане де факто „косовско“.

Тој тоа го рече дека на почетокот на седницата на албанската и косовската влада, што се одржува во Конгресната палата во Тирана, пренесува порталот Репортери.

Договорот што наскоро ќе го потпишеме за да ги олесниме царинските процедури меѓу двете земји, нè води до целта, а тоа е трансформацијата на пристаништето Драч во де факто пристаниште на Косово, рече Рама.

Како што се наведува, приштинската делегација беше пречекана во Албанија со најголеми почести, но во неа не беа министрите од Српската листа, Горан Ракиќ и Далибор Јевтиќ.

По состанокот, се очекува да бидат потпишани три договори за царина во Драч, железничка линија и хидроцентрала за Косово која ќе биде изградена во Албанија.