Бугарија никогаш не му давала безрезервна поддршка на Скопје. На колегите во Скопје постојано им беше кажувано дека договорот не се почитува. Бугарија исто така има свои интереси, објасни Каракачанов.

Постојат надворешни фактори кои се обидуваат да нè убедат да отстапиме. Тие не се обидуваат да ме убедат мене лично, рече тој.

Оваа изјава на Каракачанов доаѓа по писмото на високиот функционер на Стејт департментот, Филип Рикер до македонскиот премиер Зоран Заев.

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања при американскиот Стејт департмент вели дека Соединетите држави остануваат посветени на поддршката на Македонија во нејзините интеграции во ЕУ. Тој изрази разочарување што земјите-членки на ЕУ не се согласија да ја одобрат рамката за преговори за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Македонија.

Според поранешниот амбасадор на Германија во Скопје и Софија, Клаус Штрамајер, поранешен агент на бугарската тајна служба, Красимир Каракачанов, кој стана лидер на една од малите националистички партии, ВМРО и министер за одбрана, верува дека може да го уценува не само бугарскиот премиер Борисов, туку и цела Европа.

Штрамаер додава: Сепак, се чини дека Каракачанов не дејствува само под влијание на неговите предрасуди кон Македонците. Неговото шпионско минато и соработката со Волен Сидеров и Атака сугерираат дека тој ја игра играта на Москва.