ОБСЕ ќе испрати само шест отсто од планираните набудувачи за изборите во САД.

Портпаролката Катја Андруш за американските медиуми изјави дека според првичните проценки на изборите требало да учествуваар сто долгорочни и уште 400 краткорочни набудувачи како дел на мисијата на ОБСЕ.

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) денес соопшти дека драстично ги намалила плановите за испраќање 500 набудувачи во Соединетите држави за да ги следат претседателските избори на 3-ти ноември.

ОБСЕ наведува дека ќе испрати само 30 набудувачи во САД поради пандемијата на вирусот корона.

ОБСЕ со месеци се обидуваше да утврди како безбедно да ги следи изборите, за кои стравува дека ќе бидат најпроблематични во последните неколку децении, бидејќи претседателот ќе се избра во услови на светската здравствена криза.

Портпаролката Катја Андруш изјави дека мисијата на ОБСЕ првично требало да вклучува 100 долгорочни и 400 краткорочни набудувачи, кои ќе бидат испратени во САД овој месец, но дека виенската организација одлучи да го намали тој број на 30 поради здравствени проблеми и ограничувања на патувањето.

Таа додаде дека 30-те набудувачи треба да патуваат во Соединетите држави на почетокот на следниот месец и истакна дека нема нама да има набљудувачи од Русија.