Годинашниот аџилак кој почнува денеска е драматично намален и вклучува само околу 1.000 муслимански аџии, во период кога Саудиска Арабија се бори со коронавирусот. Околу 2,5 милиони луѓе од целиот свет обично учествуваат на ритуалот што се одржува во текот на неколку дена, главно во светиот град Мека. Годинашниот аџилак ќе се одржи под строги протоколи за хигиена, со пристап на ограничен број аџии под 65 години и без никакви хронични заболувања.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *