Не сите функционери или врвни директори на компании минуваат низ двонеделен карантин пред средбата со Владимир Путин, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Некој поминува низ двонеделен карантин, некој е во карантин неколку дена, некој се среќава без карантин. Тоа зависи од личноста, зависи од неговиот распоред, зависи од епидемиолошката состојба во секоја одделна канцеларија или министерство, објасни портпаролот на Кремљ.

Песков верува дека секој одговорн службеник или шеф на една компанија најпрво ќе ги проценат можните закани и дури потоа самиот ќе одлучи дали ќе се придржува до карантин пред средбата со Владимир Путин.

Портпаролот исто така ги негираше гласините дека во администрацијата на претседателот на државата се воведени строги мерки за карантин и посебен режим на работа поради зголемувањето на бројот на лица заразени со вирусот корона.

Во претседателската администрација, како и на секое друго место, има заразени, има и оние кои се опоравиле, има и болни – тоа е неизбежен процес. Нема посебни мерки за карантин. Се разбира, постои континуиран процес, од март, процес на тестирање. Да, тој е редовен, и во засилен режим, но тоа е поврзано со спецификите на работата, објасни Песков.