ЗИМАТА во текот на минатата година беше исклучително блага, некои би рекле „како да не постои“. Според податоците, последната „посилна“ зима со обилни врнежи од снег е забележана во 2012 година.
Според сегашните прогнози, оваа година ќе биде различна и од тој аспект, затоа нè чека нешто посурова зима отколку што се навикнавме последните години. Сепак, експертите потенцираат дека тоа не значи екстремен минус, туку само малку поголемо количество снег отколку што беше случај минатата година.

Прогнозите засега покажуваат таква слика, но какво време секако можеме да очекуваме во текот на целата зима, ќе дознаеме кратко пред Св.Архангел Михаил, поточно по 20 ноември, потврдуваат метеоролошките експерти.

Дотогаш, сите светски експерти ќе достават анализа на состојбата и ќе можеме јасно да ги видиме предвидувањата за Македонија и целиот регион. Тоа е најбезбедниот метод со чија помош можеме да предвидиме дали оваа зима навистина ќе биде посурова отколку што ни се чинеше оваа есен велат метеоролозите.
Максимумот што можеме да го кажеме во овој момент е дека зимата ќе биде малку постудена и дека ќе има уште врнежи, бидејќи постојат индикации за тоа.

Невозможно е да се дадат прецизни податоци повеќе од најмногу 10 дена однапред. Со веројатност од нешто повеќе од 60 проценти, можеме да предвидиме каква ќе биде зимата. Оваа зима навистина треба да биде поостра, но тој „ритам“ никогаш не е строг и често се случува да не биде како што инаку би очекувале, објаснуваат скепертите.

Затоа, советот до сите е дефинитивно да се подготват што е можно повеќе за нешто потешки услови отколку што беше случајот минатата година. Сепак, дури и да врне снег во Македонија, тоа сигурно нема да биде екстремно и нема простор за паника, велат експертите.