Имотот во Шпанија каде што летува британскиот премиер Борис Џонсон е идеален за одмор, за што сведочат фотографиите кои барем делумно ни го откриваат неговиот изглед.

Имотот наречен Торе Траморес се наоѓа во Марбела, Шпанија, а токму тоа место е изборот за одмарање и релаксација на британскиот премиер Борис Џонсон и неговото семејство. Овој имот е достапен за изнајмување и чини најмалку 22.000 фунти неделно.

Торе Траморес е голема куќа со приватни градини и шуми, а нејзината локација е навистина прекрасна. Поради овој факт, многу познати личности поседуваат имоти во близина на овој имот.

Гостите имаат пристап до неколку базени каде што можат да се разладат во топлите денови, а исто така можат да играат тенис на приватниот терен кои го поседуваат. До имотот може да се пристапи и со хеликоптер бидејќи вилата има хелиодром.

Во областа има мала органска фарма, чисти извори на вода за пиење, кои сите заедно формираат живописни пејсажи. Гостите можат да се релаксираат на лежалки за да се сончаат, но и да се „кријат“ во сенка.

Внатре во вилата има простор за забава, за играње игри и гледање телевизија. Исто така, има маса за пинг-понг, пикадо и многу повеќе.

Вилата има доволно простор за 18 луѓе благодарение на големите спални соби и големиот салон.

Големи и добро опремени кујни кои се подготвени за готвење, како и удобно опремени простории за одмор и дружење. Дел од имотот се пространи тераси со маси и столови.

На располагање на гостите им е готвач, како и персонал кој се грижи за чистотата на имотот.