Од 15 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, македонската репрезентација ќе се соочи со Естонија во петтото претпоследно коло од групната фаза во Лигата на нации.

Ние за оваа средба нема да можеме да сметаме на неколку важни стандардни првотимци, меѓутоа сепак и без играчи како Пандев, Димитриевски, Барди, Алиоски и Адеми селекторт Игор Ангеловски склопи квалитетен, офанзвен тим кој ќе брка три бода против Естонија.

Несторовски, Трајковски, Тричковски и Елмас се во офанзивната линија, играчи за врска се Спировски и Николов, додека пак пред голманот Шишковски ќе бидат Бејтулаи, Велкоски, Муслиу и Ристовски.

blank