Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази загриженост за веста дека францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на вирусот корона и му посака брзо закрепнување.

Путин во телеграмата навел дека „со загриженост ја примил веста за позитивниот тест на францускиот претседател за вирусот корона“.

Рускиот претседател, како што беше најавено, му посака на Макрон „брзо закрепнување и добро здравје за многу години“.

Денес Макрон беше тестиран позитивен за вирусот корона, по што многу европски лидери заминаа во изолација, бидејќи имаа контакти со францускиот претседател за време на самитот на ЕУ минатата недела.