Водителката Јелена Обучина ја започна завчерашната емисија „Преглед на денот“ на NewsmaxAdria на необичен начин – со тишина – и со тоа испрати моќна порака.

Имено, по „Добровечер“, Обучина замолкна и таа тишина траеше околу 15 секунди. Потоа, таа потсети на сите оние настани, неправди, лаги и измами за кои граѓаните на Србија молчеле, без да кренат глас. Меѓу најновите е случајот со младата актерка Милена Радуловиќ, која храбро истапи и со нејзиното сведоштво откри дека нејзиниот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ ја силувал кога имала само 17 години.

„Непријатно е, но ние сме навикнати да молчиме, кога ни доцнат платите, кога носиме пелени поради 300 евра, кога фотографираме гласачки ливчиња, кога пилотите се прогласуваат за алкохоличари, кога немаме вода за пиење, кога ни ги трујат реките, кога во болниците нема место , кога нè тепаат на протести, кога други викаат по таткото на загинатиот работник, кога на Јутка му аплаудираат, кога целосни идиоти рушат дел од градот, кога тетката испраќа пари од Канада, кога бакљи горат на покривите додека сме заклучени, кога Обрадовиќ го сатанизираат, кога Јовањица процвета, кога исчезнува видеото од наплатната рампа и од Косовска Митровица, кога нѐ лажат за кoроната, кога нѐ караат со соседите.

Ние молчиме кога не треба. И, затоа никогаш повеќе не ги прашувајте жртвите зошто молчеле? Немате право, туку поддржете ги да зборуваат кога и да бидат подготвени за тоа“, рече Јелена Обучина во воведот на емисијата „Преглед на денот “на NewsmaxAdria.