Полициски службеник од селото Инџиково утрово се здобил со повреда при чистење на службен пиштол, соопшти МВР.

– Утрово околу 03:00 часот во куќа во селото Инџиково, Скопско. А.С.(24), полициски службеник, при чистење службен пиштол, испукал еден куршум и се здобил со повреда во десното стапало. А.С. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, посочуваат од МВР.

Оттаму информираат дека известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.