Службеникот ќе биде отстранет од работа до крајот на дисциплинската постапка.

Според наредбата на српскиот министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, припадниците на полициската управа во Нови Пазар покренаа дисциплинска постапка против полицаецот З.М. од тој град за недолично однесување во близина на џамијата.

Службеникот ќе биде отстранет од работа до крајот на дисциплинската постапка.

Министерот Александар Вулин, како и сите припадници на Министерството за внатрешни работи, остро го осудуваат непрофесионалното и неморално однесување на секој поединец што го нарушува угледот на полицијата, бидејќи на тој начин се фрла сенка врз посветената работа на другите полицајци, кои се посветени на заштитата на безбедноста на сите граѓани, се вели во издаденото соопшение од српското министерство за полиција.

Според тамошните медиуми, вчера, службеникот на полициската управа на Нови Пазар, З. М, ги навредил чуствата на муслиманите, како и дигнитетот на џамијата Синан-бег извршувајќи мало мокрење во дворниот простор на оваа верското место.

Мешихат од Исламската заедница во Србија остро го осуди ваквото однесување.