Според пишувањето на медиумите на албански јазик и на весникот Лајм, МВР вчера пред седиштето на град Скопје уапсила четворица граѓани под обвинение за неовластено носење оружје.

Двајца од нив се од Сарај, а двајца од село Ласкарци, од каде што е и Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер.

Според пишувањето на медиумите на албански јазик, двајцата уапсени од Ласкарци се Албан и Бујар Османи, блиски роднини на Насер Зибери.


Како што пренесува весникот Лајм, тие всушност се уапсени под сомнеж за изборни нерегуларности на 15 јули во село Ласкарци, но под притисок на партијата ДУИ обвинението е засега преиначено!?


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *