Полицијата го блокираше пристапот до голема област со плажи во Барселона затоа што многу граѓани го игнорирале барањето на надлежните да останат дома поради новиот бран на ширење на коронавирусот.

ГРАЃАНИТЕ ГИ ИГНОРИРАЛЕ ПРЕПОРАКИТЕ

Полицијата го блокираше пристапот до плажите во Барселона поради ширење на коронавирусот

Полицијата го блокираше пристапот до голема област со плажи во Барселона затоа што многу граѓани го игнорирале барањето на надлежните да останат дома поради новиот бран на ширење на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Полицијата спречи повеќе луѓе да влезат на плажите и со мегафон ги повикуваше граѓаните што веќе влегле да се разотидат затоа што биле премногу блиску едни до други, што може да го зголеми ризикот од инфекција.

Откако Шпанија ги укина тримесечните рестриктивни мерки што придонесоа за сузбивање на епидемијата, најтешка е ситуацијата во Барселона и во другите области во Каталонија.

Каталонските власти пријавија повеќе од 1.200 нови случаи на инфекција во последните 24 часа.

Поради влошувањето на епидемиолошката состојба, од саботата во Барселона се забранети собири на повеќе од 10 лица.

Властите им препорачаа на жителите на Барселона и на соседните општини да излегуваат од дома само за работа или за неопходни потреби.

Коронавирусната инфекција во Шпанија е потврдена кај повеќе од 300.000 луѓе, од кои повеќе од 28.400 починаа.


Напишете коментар